Боби Мојсовски

македонски пејач на повеќе жанрови од Охрид – Македонија, познат како вице-шампионот на X Factor Adria 2015 и Гран При победник на реномираниот фестивал Славјански Базар (2012)

Кратка историја

 

Првите музички чекори, Боби ги направи во летото 2006, кога се пројави желба да свири некој музички инструмент и ја одбра гитарата. Во септември 2006, се приклучува на бенд со име “Fatamorgana”, на почетокот земајќи ја улогата на ритам гитарист и вокал, а подоцна и соло гитарист.

Сакајќи да ја подобри својата вокална техника, Боби успева да направи контакт преку интернет со професорите по пеење”Brett Manning” (Singing Success) и Joshua Walls кои му даваат приватни часови по пеење, особено во стилот”Bel Canto” (класично пеење) од кои подоцна е класифициран како “Leggiero-Lirico tenor”.

Успеси и достигнувања

– Ноември 2007, Боби учествува на МАССУМ Олимпијадата во Скопје, Македонија

– На 16 Октомври 2008, учествува на хуманитарен концерт организиран од Црвен Крст во чест на нашата легенда ”Тоше Проески” на градскиот плоштад во Охрид, Република Македонија.

– Септември 2009, Боби и бас гитаристот на бендот формираат нов бенд наречен “Rocky Road”

– Ноември 2009 – Јуни 2010, учество во шоуто “МК Талент” каде стигнува до финалето и завршува второ место (вице шампион)

– Јули 2010, Боби ја освојува првата награда од публиката и Гран При наградата на музичкиот фестивал “Канеофест 2010”

– Август 2010, тој учествува на “Охридфест 2010” – музичкиот фестивал во Македонија со неговиот втор сингл “Молитва со бол љубовен” и го освојува второто место од телевотинг листата

– На 26 Февруари 2011, учествува на “Националниот избор на песна за Евровизија” со неговиот трет сингл “Те Краде Тој“

– На 15 Мај 2011, Боби настапува на Интернационалниот Музички фестивал “Discovery” во Варна, Бугарија, каде освојува 2 награди.

– Во Јули 2011 година, Боби најавува нов сингл под име “Раце во Оган“

– На 13 Август 2011, Боби учествува на Интернационалниот музички/арт фестивал “Езерски Бисери“ каде го освојува 1 место во категоријата Естраден Вокал.

– На 13 Октомври, Боби учествува на престижниот фестивал МАКФЕСТ 2011 со нов сингл “Ќе нема следен пат“

– На 12 Ноември 2011, Боби беше поканет како гостин на скопскиот интернационален фестивал Еврофест каде му беше доделена наградата за Најдобра вокална интерпретација.

– На 16 јули, Боби ја освојува Гран При наградата на Славјански Базар 2012 во Витебск, Белорусија,второ Гран При за Република Македонија.

– Во Ноември 2012, Боби учествува како главна ѕвезда на првиот рок концерт со Претседателскиот Оркестар на Белорусија.

– Во февруари 2013, Боби Мојсоски го промовира неговиот нов сингл со видео-запис “Јас и ти“

– На 12 април 2013, Боби учествува на вториот рок концерт во Минск, Белорусија со Претседателскиот Оркестар на Белорусија.

– На 23 август, 2013, Боби учествува на Охридфест со нов сингл “Лавина“

– Во Октомври 2013, Боби повторно учествува на “Макфест“ со нов сингл “Застани“

– Во Август 2014, Боби учествува повторно на Интернационалниот Арт Фестивал “Езерски Бисери“ и освојува 2 награди: 1 лауреат во категорија Естраден Вокал и Бисер на фестивалот.

– Во Февруари 2015, Боби започнува учество на регионалниот Икс Фактор Адриа и завршува 2 место (вицешампион), во Јуни.

– На 22 август, Боби го одржува неговиот прв солистички концерт на градскиот плоштад во Охрид и средствата се наменети за хуманитарни цели.

– На 27 август, 2015, Боби има настап на Каменичко Културно лето.

– На 29 август, 2015, Боби учествува на Карпошово Културно лето.

– Во Октомври, 2015, Боби учествува на Велешка Питијада.